Слободен ден за сите родители кои имаат првачиња

Учебната година ќе започне на 3 септември. Првиот училишен ден е возбудлив за сите, но најмногу за првачињата. Родителите исто така се возбудени им се насолзуваат очите и сеуште неможете да увидите дали се од радост и гордост, или од страв и загриженост. Во тој момент секој родител се прашува: ”Дали ќе се навикне?”, ”Дали ќе му биде тешко без мене?”, ”Дали ќе успее лесно да се прилагоди?”.

Но, дали сите родители ќе можат да ги испратат своите првачиња, деновиве е актуелна тема на социјалните мрежи.

-Работам во јавна администрација, оваа година мојот син ќе биде прваче. Според Законот секој вработен има право тој ден да биде ослободен од работните обврски. Посебно е важен моментот кога заедно со вашето дете ќе се запознаете со неговата учителка и ќе го разгледате училиштето, вели Ирена.М.

Согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот училишен ден на своето дете.

Од Министерството за труд и социјална објаснуваат дека ова отсуство, согласно колективниот договор, како и сите останати случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата и се користи во деновите на основот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*