Кампањата за референдумот денес продолжува во Каменица и Делчево

Се интензивира кампањата за референдумот на 30 септември. Коалицијата „Излези за европска Македонија“ денеска има средби со граѓаните во Македонска Каменица и во Делчево. Собранието, како овластен предлагач, исто така, ја почна кампањата со објави во некои медиуми. Вчера најава дека почнуваат кампања имаше и од ДПА, Беса и Алијанса на Албанците.

Во рамки на Коалицијата, но и преку партиски и активности на пратениците, и СДСМ и ДУИ секојдневно имаат активности кои ги користат за да им ги образложат своите ставови на граѓаните зошто треба да гласаат за референдумското прашање. Во кампањата се приклучија и помалите партии на Албанците ДПА, Беса и Алијанса на Албанците.

Истовремено се одвива и кампњата на караванот против референдумот кој од град во град ги повикува граѓаните да го бојкотираат референдумот на 30 септември.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*