Општина Делчево дел од проектот за биоенергетско село

Општина Делчево е дел од проектот Биовил кој има за цел да иницира, промовира и предводи развој на регионални концепти за биоенергија, како и да воспостави биоенергетски села во Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска, сè до фаза на инвестирање.

Во рамките на проектот, на 13 септември, четврток со почеток во 11 во фоајето на Спомен-домот АСНОм ќе се одржи презентација на проектот на кој е предвидено да се објаснат целите и бенефитите од биоенергетскето село и искуствата од Општина Кичево, како и Општина Карпош. На презентацијата се оечкува присуство на сите заинтересирани граѓани, институции и граѓански организации.

Проектот BioVill (www.biovill.eu) e тригодишен проект поддржан од Програмата на Европската Унија за истражување и иновации – Хоризонт 2020. Проектот се реализира од март 2016 година со партнери, како од целните земји, така и од Австрија и Германија и трае до март 2019 година.

Целна општина во проектот е Кичево, каде е развиен концепт на биоенергетско село кој вклучува мал систем за централно греење на отпадна биомаса. Во овој проект, покрај целната општина избрани се и Делчево, Крива Паланка и Чашка како општини-следбеници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*