Прес на претседателот на ОО на СДСМ Делчево

Денес во Делчево прес конференција одржа претседателот на Опѓтинската организација на СДСМ Делчево, Влатко Величковски. Интегрално ви го пренесуваме текстот од прес конференцијата на Величковски.

……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..

Почитувани сограѓани
И после долгото чекање за ставот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, г-динот Мицковски во однос на Референдумот и референдумското прашање, повторно добивме нејасен и двосмислен став. Во моменти кога треба да се покаже храброст, визија и одлучност немаме простор за резервираност, двосмисленост и нејасностии.
 
Да г-дине Мицковски, ние граѓаните на Р. Македонија ќе одлучиме и со срце и по сопствено убедување, ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА, а вас историјата ќе ве запамети како човек кој во овие историски и значајни моменти за иднината на нашата држава, не покажа лидерство, храброст и одлучност.
 
„Коалицијата за европска Македонија“ го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ, да продолжи да разговара, да размислува и да биде посветено на иднината на европска Македонија. Има уште време до референдумот, има време да се охрабрат и одлучат да останат на зборот на нивната повекедецениска позиција, членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Ние можеме да имаме политички разлики и да продолжиме со нашите секојдневни политички битки. Но за иднината на Македонија сите треба да го дадеме својот придонес. Не смее да има неодговорност кога е во прашање иднината на Македонија.
Почитувани подржувачи и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, ајде заеднички да го изодиме патот кон отворените врати на НАТО алијансата и ЕУ. Заеднички на 30 Септември да излеземе и да ја трасираме иднината на нашата татковина и потоа заеднички да го славиме влезот во НАТО и ЕУ, онака како што ни доликува, братски и сложно кога станува збор за нашата иднина и иднината на нашите деца и иднината на државата.
Граѓаните знаат дека најдобро за секое семејство во Македонија и за нашата татковина е токму заедништвото, сплотеноста, како и одлучноста за членство во ЕУ и НАТО.
 
Да го дадеме нашиот глас за европска Македонија во најсилните сојузи во светот.
 
Сите ние имаме одговорност да излеземе на гласање за да ја обезбедиме нашата иднина и иднината на нашите деца.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*