Мицкоски на средби со граѓаните на Делчево и Пехчево

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одржа средби со членството и граѓаните од Пијанечко-малешевскиот регион. На средбата се разговараше за актуелни прашања кои како што рече Мицкоски ги мачат граѓаните.

-Генерално иста е сликата насекаде низ Македонија. Траур, чемер и јад владее помеѓу граѓаните, многу неисполнети ветувања, многу нереализирани очекувања од страна на Владата на СДСМ, луѓето се справуваат со сериозни проблеми, како да преживеат, со егзистенцијални проблеми во 21 век, се ветуваше живот, а дојде пекол за граѓаните. Истото искуство ни го пренесуваат и земјоделците и младите од овој регион, така да
ВМРО ДПМНЕ со новата програма ќе понуди решенија за ваквите проблеми, рече Мицкоски.

Мицкоски се осврна на како што рече споменатата теза за противниците против договорот со Република Грција, кои деновиве во неколку наврати беа спомнати дека сакаат да создадат раздорот меѓу народот.

-Нацијата е обединета пред капитулантскиот договор кој што Владата на СДСМ и Зоран Заев го потпишаа, луѓето се обединети исто така во маката која што значи егзистенција во нивното секојдневие, така да мислам дека единствен кој што се обидува да создаде раздор меѓу македонската нација е Зоран Заев кој ми делува како притиснат човек кој што знае дека ова што го прави е погрешно, но сепак мора да испорача нешто што во суштина и не може да го испорача, додаде Мицкоски.

Мотивиран од тие причини како што истакна Мицкоски, повторно упатувам покана до премиерот Заев за тв дуел на кој ќе го искоментираме заедно договорот кој Владата го потпиша со Република Грција.

-Тоа ќе биде дуел на кој ќе поразговараме за животот на граѓаните на Република Македонија, за сите оние криминали, ветувања нереализирани очекувања, за сите оние скандали и злоупотреби на службената должност и покрај целокупната армадила која деновиве го величи ликот и делото на Зоран Заев, еве му давам простор и време да одбере на кој медиум сака, да се соочиме за да можат граѓаните да ја слушнат вистината за Македонија, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Делчево повторно го повика премиерот Заев на ТВ Дуел

Posted by delcevo365.mk on Saturday, September 15, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*