Делчевската болница ја доби опремата вредна 300.000 евра

Синоќа во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево пристигна донацијата во медицинска опрема од хуманитарната организација „Хенд тил хенд“ од Кралството Шведска, вредна околу 300 илјади евра.
Станува збор за медицински помагала, кревети, душеци, болнички инвентар, колички, aпарати, подвижен рендген мамограф, односно околу 660 парчиња опрема која ќе биде ставена во функција на граѓаните.
 
Огромна благодарност до шведската хуманитарна организација изрази директорката на болницата Марија Глигоровска.
 
-Секако дека оваа донација многу ќе значи за нас, заради тоа што добиваме многу голема опрема. По спецификацијата која ние е пратена имаме рентген апарат, мамограф,подвижен рентген,кој што ретко која болница го има, тоа значи дека можеме рентгенот да го одвлечеме настрана, за да не мора пациентот секогаш да биде во рентген кабинет, што е ретка можност, многу установи сонуваат за таков рентген, а ние со оваа донација го добиваме. Тоа се добри апарати кои во развиените земји ги користат една до две години и добро ги одржуваат ги репарираат и ги даваат во донации. Им се заблагодарувам на хуманитарците од Шведска со кои се надевам дека соработката ќе продолжи, рече директорот Глигоровска.
 
Како што додаде, откако ќе биде направен попис на опремата, истата ќе биде распределена во болницата согласно нејзината намена. Претходно градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски во знак на благодарност на претставниците на шведската хуманитарна организација им додели благодарници.

КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА НА ДЕЛЧЕВСКАТА БОЛНИЦА ДОДЕЛИ ДОНАЦИЈА ВРЕДНА 300.000 ЕВРА

КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА НА ДЕЛЧЕВСКАТА БОЛНИЦА ДОДЕЛИ ДОНАЦИЈА ВРЕДНА 300.000 ЕВРА

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 2, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*