Акција за чистење на растителниот отпад со цел подобрување на прегледноста во сообраќајот

Со цел подобрување на прегледноста во сообраќајот екипи на јавното комунално претпријатие Брегалница од Делчево започнаа активности за расчистување на растителниот отпад како и друг вид растителен материјал кој ја намалува прегледноста на делчевските сообраќајници. Како што информираше директорот Стојче Стојковски, акцијата е редовна есенска активност на претпријатието.

-Поради  непрегледност  и пречење на нормално одвивање на сообраќајот, од  улицата Маршал Тито во продолжение на
потегот од Касарна до Таушанско маало, извршено е сечење и чистење на гранки од багрем , сливи, пофит и други растенија. Отпадот на истиот растителен материјал е соодветно депониран на градската депонија. Целта е да се подобри прегледноста во сообраќајот на потегот од споменатите улици, информира Стојчевски.

Додава дека акцијата за расчистување согласно увидот на терен ќе продолжи и на други улици каде има потреба за тоа.

Воедно како што информираа од јавното претпријатие во ек на собирање на растителниот отпад од дворните места се известуваат граѓаните истиот соодветно да го складираат на местата означени за собирање на отпадот, по што екипи на комуналното претпријатие, истиот ќе можат благовремено да го транспортираат до градската депонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*