Четири компании доставиле документација за изградба на пешачкиот мост на река Брегалница по тендерот кој го распиша Центарот за развој на Источно-плански регион. Проценетата вредност на мостот е 6,3 милиони денари без ддв. Како што информираат од Центарот за развој на Источно-плански регион вкупно 65,5 проценти од оваа сума се од Бирото за рамномерен регионален развој обезбедени преку центарот, а останатите 34,5 проценти се пари од општинскиот буџет во Делчево.
-Според доставената документација сите фирми доставиле понуди повисоки од проценетата вредност. Во моментот се врши евалуација на доставената документација по што ќе се знае кои фимри ќе може да учествуваат на електронска аукција. Истата се оќекува да биде закажана за наредната недела, информираат од Центарот за развој на источно-плански регион.
Ако се оди според планираното од општината очекуваат изградбата на мостот да започне на 15 ноември и истата да заврши на 30 јуни наредната година.
Првиот пешачки мост на реката Брегалница во Делчево ќе биде изграден од челична конструкција, а предвидено е покрај основната намена мосто да биде ставен во функција на туристичка понуда на градот.
Leave a Reply