Реакција на Никола Атанасов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Берово

Градоначалникот Пекевски, со денешната реакција на вчерашната наша прес конференција, по повод неговото едногодишно раководење со Општина Берово, која патем е дупло поголема од неговиот отчет е само уште една потврда дека сето она што го кажавме вчера е чиста вистина, од која со долгото оправдување, господине Пекевски нема да побегнете. Нашето домашно воспитување и цивилизациските вредности апсолутно не ни дозволува да се спуштиме на нивото на овој ,,тажен лик,, и да го коментираме неговото ,,правдање,, кое е под секое ниво. Имаш поздрав од граѓаните, градоначалнику Звонко Пекевски, доследното братско тапкање по рамото, кое единствено си го заборавил да го спомнеш во ,,правдањето,, за едногодишното работење, можеби на некоја изложба во приватниот комплекс и со по некоја чаша од питката вода што ќе им ја обезбедите, бидејќи вие нели никогаш не јадете по ресторани, особено не во оние во градот каде што се движат поранешниот градоначалник и обичните смртници. Најсрдечно ви благодариме за сугестијата, ама пријавите и постапките за незаконитостите, како и за неконтролираните испади со закани од вашиблиски, ќе почекаат оваа хунта на власт да замине во историјата. Документацијата за тоа секојдневно се зголемува, имаме за тоа огромна помош од сите страни, таа не е само обично ситно ѓубре за лесно д. оставиме да заврши во вашите 4 канти и 1 контејнер.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*