Баскет Кам подобар од Клубски Патриот во соседското дерби

Во второто коло од првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица со убедливи 73:37 ја совладаа соседската екипа на Клубски Патриот од Делчево. Според информациите од стучниот штаб на домашната екипа, девојките на Баскет Кам целосно ја имале контролата на натпреварот и заслужено ги забележале вторите два бода во првата женска кошаркарска лига на Македонија.
 
И покрај поразот тренерот на гостите Љупчо Петровски истакна дека е задоволен од играта на своите млади кошаркарки.
 
-Во првото полувреме имавме можност да се вратиме во натпреварот кога домаќините водеа 23:18, но недоволната концентрација и подобрата физичка подготвеност на гостите беше пресудна домаќините од Македонска Каменица да ја прослават втората победа, рече Петровски.
 
Со новата победа Баскет Кам моменталнo е на делба на првата позиција. Заедно со екипата на Бадел имаат по 4 бода со таа разлика што Бадел има подобра кош-разлика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*