Во рамки на 7 коло од третата фудбалска лига Исток, сениорите на делчевска Брегалница и екипата на Малеш денес на градскиот стадион Гоце Делчев во Делчево ремизираа играјки 1:1. Делчевци се тие кои треба да жалат по изгубените два бода бидејки тие ја имаа иницијативата во текот на целиот натпревар, но топката како да не ги сакаше па така на гол се чекаше се до 61 минута. Но како што се случува по непишаното фудбалско правило оној кој промашува се казнува па така гостите преку Станоевски го открија резултатот. Нападите на домаќините продолжија и за среќа Влатко Марковски 13 минути подоцна во 74 минута постигна гол за изедначување и реми во Делчево.
Еве ги и останатите резултати од 7 коло во третата фудбалска лига Исток.
ФК Работник – Овче Поле 1:0
ФК Брегалница Сениори – ОФК Малеш 1:1
ФК Слога 1934 – ГФК Осогово 1:2
Leave a Reply