Во недела прво градско ракометно дерби во женска кадетска конкуренција

Утре 21 октомври во Делчево за прв пат ќе се случи би рекле спортски настан за паметење. Причината е првиот официјален ракометен дуел помеѓу две делчевски ракометни екипи кои настапуваат во женската кадетска лига на Македонија. Екипата на Брегалница која функционира како дел од новата ракометна школа “КЛ7” во улога на домаќин ќе ја пречека екипата на РК Делчево која има подолг стаж во ова натпреварување и притоа постигнато завидни резултати. Овој слободно може да го наречеме историски момент за делчевскиот ракомет покажува дека Делчево е еден од најракометните градови во државата барем кога станува збор за младински ракомет. На ова тврдење ќе ги надоврземе големите успеси на ракометарите и ракометарките како и трансферите кои дел од делчевските ракометарки ги направија во клубови како Вардар и Металург.

Се надеваме ова ќе биде доволен мотив за љубителите на ракометот од Делчево во 12:00 часот да присуствуваат на првиот официјален натпревар на делчевските ракометарки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*