Кадетите на РК Делчево го пречекуваат РК Филип Вардар

Со почеток во 14:30 часот, утре 21 октомври,ракометарите на ракометниот клуб Делчево ги очекува нова кадетска пресметка. Овој пат противник во салата Методи Митевцски Брицо на делчевските кадети ќе им биде екипата на Филип Вардар од Прилеп. Екипата од Делчево по добрата игра на домашен терен против екипата на Младост Богданци ја очекува уште еден тест натпревар кој ќе биде одлична можност кадетите со евентуална победа да се приклучат во горниот дел на табелата и со тоа да се вбројат во екипите кои до крај ќе се борат за влез во фајнал-фор натпреварите наредната пролет. Моментално Делчевци имаат 6 бода од пет одиграни натпревари, додека Филип Вардар со само една победа и пет порази со три бодови се наоѓа помеѓу екипите со најлоши резултати оваа сезона. Ова е показател кој би требало да знчаи нови три бода за Делчевци, но едно се бодови на хартија, а друго е борбата на терен. Ова нека биде одлична увертира за делчевските ракометн ифанатици да дојдат во спортската сала во Делчево и да ја бодрат екипата во походот кон нов добар резултат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*