Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ од Берово ја исклучи од членството пратеничката Емилија Александрова

Денес на прес конеференција во Берово, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Атанасов ја соопшти одлуката со која од членството се исклучува пратеничката Емилија Александрова. Интегрално ви го пренесуваме целиот текст од прес конференцијата на Атанасов.

…………………………………………………….

Почитувани граѓани на општина Берово, почитувани членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ. На денешната седница ОК Берово, согласно статутот на партијата инасоките добиени од ИК на ВМРО ДПМНЕ, едногласно донесе одлука од членство вопартијата да ја исклучи досегашната наша пратеничка Емилија Александрова. Сосвојата постапка и поддршката за уставни измени која ја даде на вчерашната седница,Александрова ја погази вољата на граѓаните на Македонија искажана на референдумотод 30-ти Септември, како и партиската одлука за почитување на таа народна воља приизјаснувањето во Собранието. Како спрема наша поранешна долгогодишна сопартијка, ние членовите на ОК Беровоне навлегуваме и не не интересира кои се мотивите за ваквата нејзина одлука, тоа енејзина лична работа и со тоа ќе мора да живее целиот свој живот и таа, а за жал инејзиното семејство и идните поколенија. Веруваме дека ќе има објаснување за оваасвоја предавничка постапка барем пред нив и пред Бога, затоа што нивниот суд е онојнајважниот. Со судот од вмровците и македонските граѓани за својата постапка и заона што планирате да го правите во иднина, вие пратеничке Александрова ќе моратесамите да се изборите, ВМРО ДПМНЕ повеќе неможе и нема да стои повеќе позадивас. Бараме да покажете барем малку доблест и да го вратите мандатот кој го добивтекако кандидат на листата на ВМРО ДПМНЕ на граѓаните кои ви го дадоа, а виемаксимално ги изневеривте.Како претседател на ОК Берово на крајот само сакам да истакнам, дека сум крајноразочаран, затоа што сум соработувал со таква личност во која сум имал целоснадоверба, на која секогаш и од срце онолку колку сум бил во можност сум и помагал исум ја поддржувал. Со вашата вчерашна постапка направивте да се срамам поради тоа,и од сопартијците и од сите чесни македонци. Ти Емилија својот пат го избра каков и да е. Ти за нас во иднина ќе бидеш само срамноминато. Ние вистинските вмровци ќе продолжиме по нашиот пат со верба и љубов заМекедонија и зачувување на вековното име, за среќа, сега без таквите како тебе. Да живее ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, да живее Република Македонија!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*