Ново реми на сениорите на ФК „Брегалница Делчево“

Делчевските сини го повторија резултатот од минатат недела кога со Малеш одиграа 1:1, со тоа што овојпат со бод од Делчево си замина екипата на Работник Лозово. Разликата од натпреварот со Малеш е тоа што головите овојпат беа постигнати во првото полувреме. Кон средината на првиот дел по еден опасен корнер на домашната екипа, гостите успеаа да изведат брз контра напад без притоа да направат офсајд и лесно да дојдат до водство од 0:1. Радоста траеше кратко бидејки веќе во следниот напад по досудениот прекршок за Брегалница, одлично беше изведен слободниот удар по кој топката откако отскокна пред гостинскиот голман влезе во мрежата со што беше поставен конечниот резултат 1:1.

Домаќините во вториот дел имаа повеќе од играта но не успеаа да ја забележат третата победа пред домашната публика.

Еве ги погодоците од денешниот натпревар.

Головите од натпреварот Фк „Брегалница сениори“ – ФК „Работник“ кој заврши без победник 1:1

Головите од натпреварот Фк „Брегалница сениори“ – ФК „Работник“ кој заврши без победник 1:1

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 23, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*