Делчевската гимназија ќе добие енергетски-ефикасна фасада

Во средното општинско училиште Методи Митевски Брицо започнаа градежните работи за реконструкција на екстериерот на старата училишна зграда и инсталација на енергетски ефикасна фасада. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а како што истакна директорот на делчевската гимназија, Љупчо Прачковски, со оваа инвестиција се очекува заштеда на енергија и до 30%.
 
-Ова беше неопходна инвестиција што ќе ни обезбеди потопли училници и подобри услови за настава и заштеда на енергија која би се движела од 20-30 проценти. Инвестицијата е во вредност од 1 милион и петстотини илјади денари, рече Прачковски.
Додаде дека средствата се обезбедени од буџетот на училиштето и со голема поддршка од Општина Делчево.
 
Како дел од редовните активности во гимназијата во тек е и подготовка на кабинет за изведување практична настава по хасап систем за потребите на хемиско-технолошката струка во училиштето.
 
Вредноста на овој проект е 450 илјади денари, а кабинетот ќе биде ставен во функција до нова година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*