Фудбал: Во 13:30 Брегалница го пречекува Овче Поле

Денеска од 13:30 се играат натпреварите од 9 коло во Третата фудбалска лига Исток. По серијата од две нерешени средби кои со екипите на Малеш и Работник завршија со идентични 1:1 , сениорите на делчевска Брегалница третата победа во рамки на годинешното натпреварување ќе ја бараат против екипата на Овче Поле од Свети Николе. Денешниот натпревар ќе биде одлична можност за реванш против Овчеполци кои на првиот натпревар славеа со убедливи 4:0. Врменските услови денес се одлични што ја отвора можноста поголем број на љубители на фудбалот од Делчево да ја проследат пресметката помеѓу двете третоилигашки екипи.

Еве ги и останатите двојки од 9 коло:

„Брегалница сениори“ – „Овче Поле“

„Осогово“ – „Рудар“

„Работник“ – „Слога 1934“

„Малеш“ – „Кежовица“

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*