Дваесетина планинари од Пијанец во посета на локалитетот „Калата“

Група од дваесетина планинари, од Делчево, Берово и Македонска Каменица, членови на планинарскиот-спортски клуб Голак од Делчево ја реализираа планинарско-рекреативна маршрута до локалитетот ,,Калата” кој се наоѓа на 523 метри надморска висина во срцето на езерото Калиманци. 
 
Како што информираше лиценцираниот планинарски водич и претседател на ПСД ,,Голак”, Љупчо Чучуковски, временските услови биле идеални за пешачење при што сите планинари успешно ја поминале патеката.
 
-Локалитетот ,,Калата” датира од римско време и истиот бил модерна населба која опстојувала се до Османлиското ропство, каде била уништена. Од овде се извадени многу артефакти, но сепак локалитетот не е целосно истражен. За нас како ПСК ,,Голак” Делчево, ова е многу значајно за промовирање на вакви и слични рекреативно-живописни патеки, за да во иднина истите бидат уредени и користени од планинари, рекреативци, спортисти, велосипедисти и кајакари, вели Чучуковски.
 
Според информациите на Чучуковски, “Калата” е една од најстарите утврдени населби во регионот на Пијанец која се наоѓа на само 4 километри од Македонска Каменица. 
 
Локалитетот е заграден од реките Каменичка и Брегалница и се наоѓа во срцето на езерото Калиманци, на падините на Осоговските Планини на 523 метри надморска висина.

Дваесетина планинари од Делчево, Берово и М.Каменица во посета на месноста "Калата"

Posted by delcevo365.mk on Monday, October 29, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*