Австралиска донација за младите фудбалери на ФК Брегалница од Делчево

Австралиското здружение (Boots for Balkans) денеска ја предаде донацијата од спортска опрема која ќе биде наменета за младинските категории на фудбалскиот клуб Брегалница од Делчево. Целта на донацијата според координаторот на здружението Тодорче Кочишки е без никаков финансиски бенефит здружението да помогне во разивањето на фудбалот во Македонија.
 
-Денес сме во Делчево по препорака на поранешниот репрезентативен голман Томе Пачовски за да донираме во клубот Брегалница од Делчево. Досега насекаде низ Македонија имаме донирано преку 700 пара копачки,петстотини топки и разни реквизити кои се потребни за тренинг на дечињата. Среќен сум што учествувам во овој проект преку кој гледаме спортската опрема да ја поделиме онаму каде има најмногу потреба, рече Кочишки.
 
Поранешниот голман на репрезентацијата Томе Пачовски, со присуството во Делчево на момент се потсети на времињата минати во некогашниот свој клуб Брегалница од Делчево.
 
-Бевме околу два три месеци тогаш, се сеќавам на моментите со Вардар, Ѓорче имам некои убави спомени уште сме пријатели со мои некои соиграчи од тоа време, одржуваме пријателство и се сеќавам на многу убави моменти, вели Пачовски.
 
Донацијата како што истакна тренерот на делчевци Кирил Ристовски пристигнува во прав момент и ќе им биде од огромна полза на младите фудбалери.
 
-Благодарност до донаторите за опремата и реквизитите кои ни ги обезбедија. Овде тренираат над 50 дечиња во неколку возрасни категории и согласно намената истите ќе бидат рамномерно распределени. Се надевам дека со вакви и слични акции и понатаму ќе продолжи соработката со здружението од Австралија, рече Ристовски.
 
Спортската опрема која денес ја додели здружението Бутс фор Балканс е вкупно 13-та донација на територијата на Република Македонија.

Донација од спортска опрема за младите фудбалери од ФК Брегалница Делчево

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 30, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*