Какво време не очекува во ноември!

Првата декада од месецот ноември ќе биде екстремно топол месец, со неверојатни температури на воздухот, кој во делови од државава ќе се искачат дури до околу 30 °C.

Ваква е прогнозата на синоптичарите за претстојниот месец ноември кој во целост се очекува да биде и натпросечно топол, токму поради тоа што барем засега на видик нема некое поголемо заладување на времето.

Во однос на врнежите синоптичарите прогнозираат дека тие би биле нешто под просекот, што значи треба да очекуваме нешто помали врнежи од вообичаените за ноември месец.

Ако временските услови продолжат со ова темпо, граѓаните би можеле и тоа како да заштедат, поради тоа што ваквите временски услови ќе условат и помал трошок околу греењето како и помали сметки, додека оние кој се грат на дрва ќе заштедат токму на нив.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*