Општина Делчево се надева да врати половина од долгот тежок близу 200 милиони денари

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски очекува да врати половина од тужениот долг на општината кој во моментов изнесува 197 милиони денари или речиси еден општински буџет. Иако, од почетокот на мандатот, како што истакна Трајковски  дел од долгот за време на едногодишниот мандат е вратен, сепак општината не е во можност сама да ги врати сите долгови од минатото.
 
-Општината со години наназад е со блокирана сметка. Во моментов долгот изнесува 197 милиони денари. Истиот беше повисок, но успеавме да вратиме околу 23 милиони денари. Оттука, најавата за помош од државата е и тоа како добредојдена и ќе ни отвори простор за капитални инвестиции, истакна Трајковски.
 
Додава дека општина Делчево со оваа помош од централниот буџет ќе може во целост да го подобри финансискиот капацитет на општината со што во 2019 година ќе се реализираат поголем број на проекти кои се прироритет за граѓаните на општина Делчево.
 
Со ребалансот на буџетот државата планира да издвои 50 милиони евра, пари кои ќе бидат наменети за враќање на дел од тужените долгови на општините.
 
На пари од државата се надеваат најголемиот дел од општините од Истокот каде од вкупно 11 општини, дури девет промената на локалната власт минатата година ја дочекаа со блокирани сметки.

Очекувања на делчевскиот градоначалник од најавата за раздолжување на општините

Очекувања на делчевскиот градоначалник од најавата за раздолжување на општините

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, October 31, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*