Планинарски марш до врвот Бејаз Тепе како дел од третата сезона на „12 врвови“

Со планинарска маршрута село Нов Истевник – Кукуље – врв Бејаз Тепе – село Разловци во недела на 4 ноември стартува 3 сезона од програмата 12 врвови, програма која ја реализира ДПС „Трансверзалец“ од Скопје.
Првиот планинарски марш  во пределите на планината Средна се реализира на иницијатива на претседателот на планинарски-спортски клуб „Голак“ Љупчо Чучуковски кој издејствува споменатата планинарска маршрута да биде дел од третата сезона на програмата „12 врвови“
 
Претходно ДПС „Трансверзалец од Скопје заедно со претседателот на ПСК „Голак“ Делчево ја мапираа, маркираа, чистеа и поставија неколку патокази на целата патека, со што истата е спремна за планинарскиот марш во недела.
 
Ова е проект кој има за цел промовирање и посета на помалку познати и посетувани врвови и места на планините во Македонија. Програмата „12 Врвови“ во целост е поддржана од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*