РК Делчево дел од 13. Меѓународен турнир на ракометни надежи во Лесковац

Ракометниот клуб Делчево се наоѓа во Лесковац, Република Србија каде учествува на 13. Меѓународен турнир на ракометни надежи кој е во организација на ракометниот клуб ,,Метеор” од Лесковац. На турнирот учество пријавиле 17 екипи од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, кои ќе учествуваат со своите пионерски селекции, односно момчиња и девојчиња на возраст од 8 до 16 години.

-Учествуваат ракометари родени 2002 година, две години помлади момчиња и девојчиња како и учесници на турнирот во мини ракомет во машка и женска конкуренција од 2007 до 2010 година.
Тоа се од Босна и Херцеговина клубот ,,Јединство”, од Македонија покрај РК „Делчево“ учествуваат уште шест екипи и тоа: ,,Лошевски” од Скопје, “Хераклеја” и “Феникс” од Битола, “Преспа” и “Младост” од Ресен и екипата на РК “Охрид”. Останатите екипи се екипи од неколку градови во Република Србија меѓу кои и екипите од градот домаќин „Метеор” и „Дубочица 54″, информира Драган Моња Митровиќ, тренер на екипата на Метеор.

Турнирот започна денес, а свеченото отворање е во сабота. Последниот ден од викендот се натпреварите за пласман и поделбата на признанијата во поединечна и екипна конкуренција.

Покровител на турнирот е општина Лесковац која обезбеди 100.000 српски динари за успешна негова организација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*