Убедлива победа на Бадел над аутсајдерот Клубски Патриот

Со високи седумдесет и девет кошеви разлика, шампионот Бадел во Делчево ја совлада домашната екипа на Клубски Патриот во рамки на четвртото коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија. Ова беше натпревар помеѓу две нерамноправни екипи во кој во во ниту еден момент не беше доведен во прашање победникот, што покажува и самиот резултат од 36:125 во корист на кошаркарките на Бадел.
 
Честитајки и на гостинската екипа за победата тренерот на делчевки Љупчо Петровски рече дека овие натпревари се одлично искуство за младите делчевки кои играат целосно со млад тим кој допрва го очекува својот подем.
 
-Некогаш овие две екипи играа во полуфинале од плеј-оф натпреварите и тоа беа моменти кога за Клубски Патриот играа врвни кошаркарски имиња. Сега екипата е целосно составена со млади кошаркарки од Делчево кои ако ништо друго ќе можат слободно да кажат дека играле против шампионска екипа каква што е екипата на Бадел, рече Петровски.
 
Вториот тим од истокот кој се натпреварува во првата лига екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица во рамки на четвртото коло и гостува на екипата на Шкупи во Скопје.
 
По првите три кола Каменичанки се наоѓаат на 4 позиција на табелата, додека Делчевки со четири освоени бодови се наоѓаат на осмото место.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*