Бисерот од Каменица со одличен настап на Меѓународниот куп во гимнастика во Ниш

Со освоено второ место и сребрен медал во ритмичка гимнастика и бронзен медал во „повеќебој“, младата гимнастичарка Елвира Јангеловска имаше одличен настап за својот клуб Астра Спорт од Македонска Каменица во рамки на Меѓународниот куп за гимнастичарки кој се одржа во Ниш, Србија. Како што информираше тренерот Мирјана Гошевска, на турнирот учествувале најдобрите гимнастичарки од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
 
-Домаќин на ова натпреварување беше „Гимнастикс клуб“ од Ниш, а нашиот претгставник Елвира Јангеловска можам да кажам дека беше меѓу најдобрите поединци на Купот на кој се натпреваруваа најдобрите младинки од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Елвира го освои второто место во ритмичка гимнастика, додека со своите одлични настапи во повеќе спортски дисциплини заслужено го освои третото место во „повеќебој“, рече Гошевска.
 
Додаде дека со Јангеловска продолжуваат со тренинзи, а потоа и со настапи на слични меѓународни турнири ширум Балканот.
 
Претходно Јангеловска на 23 септември во саревската област Вогошча, учествуваше на силен Меѓународен турнир на кој во конкуренција на гимнастичарки од 28 земји во светот го освои сребрениот медал во ритмичка гимнастика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*