Изработен основниот проект за покриен градски пазар во Делчево

По барање на општина Делчево, архитектонското атеље Goce Popov Architects (ГПА) од Делчево, изработи основен проект за покриен пазар. Предвидениот објект ке одговори на сите современи барања за објети од овој вид. Проектиран е по принципот на ‘genius locci’ или проектиран да се вклопи во „духот на местото“ на кое ке се изгради. Обликовно објектот нуди чисти форми со минималистички израз, внимателно одбрани нијанси и материјали кои ке бидат енергетски ефикасни.  Умешно решената  функција и внимателно одбраниот конструктивен систем го прави објектот рационален и економичен. Поседува апсолутно симетрично решение во основа што пак овозможува лесен прристап од сите страни за корисниците. Во својата програма содржи 200 тезги, дуќани за продажба на месни производи, млечни производи, текстил и облека, ресторан, санитарии за посетителите, офис и многу други содржини.

Еве ја мини галеријата од проектот за покриен градски пазар во Делчево.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*