Се олеснува изградбата на градски пазар во Делчево

Со новата мерка на програмата за рурален развој во Делчево се очекува олеснување на процесот на изградба на современ градски пазар во Делчево. Како што информираше Тони Стоименовски, советник за локален економски развој Општина Делчево е подготвена за аплицирање на неповратната поддршка од 113 илјади евра која денес беше најавена за осовременување на пазарите преку инвестиции во пазарната инфраструктура од страна на Платежната агенција.
 
-Општина Делчево веќе поодамна се подготвува за оваа мерка, има техничка документација, има изберено локација за нов зелен пазар и сме во фаза на подготовки за аплицирање по оваа мерка. Се надеваме дека техничката документација ќе биде прифатена од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и дека од следната година ќе имаме можност да започне да се реализира овој неопходен проект за општина Делчево.
 
Досега во Делчево од буџетот за 2018 година се одвоени 140 илјади денари за архитектоснко-урбанистички проект за изградба на градски пазар во Делчево. За реализација на набавката за основниот проект од буџетот на општината се издвоени 500 илјади денари.

НЕПОВРАТНАТА ПОДДРШКА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ ВО ОПШТИНИТЕ ЌЕ ЈА ОЛЕСНИ ИЗГРАДБАТА НА СОВРЕМЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ДЕЛЧЕВО

НЕПОВРАТНАТА ПОДДРШКА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ ВО ОПШТИНИТЕ ЌЕ ЈА ОЛЕСНИ ИЗГРАДБАТА НА СОВРЕМЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ДЕЛЧЕВО

Posted by delcevo365.mk on Thursday, November 8, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*