Времена промена на работното време на општинската администрација во Делчево

Со одлука на градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, се врши времена промена на работното време на општинската администрација. Како што информира портпаролот на општината, Даниела Такева, работното време на делчевската локална самоуправа од понеделник 12 ноември 2018 година ќе започне од 07:30 часот.
 
-Општина Делчево ги известува граѓаните дека изврши промена на работното време на административните службеници и другите вработени во одделенијата и секторите во Општина Делчево. Започнувајќи од понеделник, 12 ноември 2018 година, работното време на одделенијата и секторите во ЕЛС Делчево ќе започнува во 7 часот и 30 минути и ќе трае до 15 часот и 30 минути. Паузата за вработените ќе се користи во стариот термин, односно во периодот од 10:30 до 11:00 часот, информира Такева.
 
Досега според утврденото работно време административците во Делчево со работа започнуваа во 8 часот со тоа што од работа се заминуваше во 16 часот попладне. Новото работно време како што велат од општината е прилагодено на потребите на граѓаните на општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*