Во Делчево се одржа првиот ракометен куп „Кирил Лазаров “ на кој настапија три екипи од источниот регион кои се дел од школата за ракомет на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров. Како што истакна Драган Пешовски тренер на екипата од Делчево на турнирот силите ги одмерија околу 100 дечиња.
-За прв пат од формирањето на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ за екипите од Источна Македонија се организираше ракометен куп на кој во машка и женска конкуренција се натпреваруваа екипи од Свети Николе, Чешиново – Облешево и Делчево. Покрај тоа што се одиграа интересни натпревари, турнирот беше одлична можност младите ракометари да се запознаат, но и да стекнат нови искуства од своите врсници, истакна Пешовски.
Поради големиот број на ракометари кои учествуваат на турнирот, натпреварите се играа во двете спортски сали во Делчево, при што повозрасните ракометари натпреарите ги играа во спортската сала на делчевската гимназија, додека помалите групи дечиња ракомет играа во малата спортска сала при општинското основно училиште Св.Климент Охридски од Делчево.
Еве ги резултатите од денешните натпревари:
Голема сала:
10:00 (м) Св. Николе – Делчево 9:7
10:30 (ж) Св. Николе – Делчево 11:16
11:00 (м) Св. Николе – Делчево 26:7
11:30 (ж) Делчево – Чешиново Облешево 19:8
ФИНАЛЕ 12:00
12:30 (ж) Чешиново Облешево – Св. Николе 8:17
Мала сала
10:00 Чешиново Облешево – Делчево 5:6
10:30 Делчево – Чешиново Облешево 8:7
Leave a Reply