Планинари од Делчево и Берово со маршрута до Црн Врв на планината Витоша

Вкупно 24 планинари членови на планинарскиот спортски клуб Голак од Делево успешно ја завршија планинарската акција во Бугарија на која го искачија 2290 метри високиот Црн Врв кој е највисока точка на планината Витоша. Како што информираше Љупчо Чучуковски” претседател на ПСК ,,Голак, маршот бил со вкупна должина од 11 километри.
 
-Ова е наша клубска акција за искачување на врвот ЦРН ВРВ 2290 м.н.в. кој е највисок на планината ВИТОША,но исто така го искачивме и врвот МАЛ РЕЗЕН 2182 м.н.в. Почетна точка ни беше ХИЖА (Планинарски дом) АЛЕКО 1770 м.н.в. – Бојанска река 2100 м.н.в. – ЦРН ВРВ 2290 м.н.в. – Врв Мал Резен 2182 м.н.в. – Стената 1950 м.н.в. – Хижа Алеко 1770 м.н.в. Вкупна должина на кружната патека 11 км. Вкупно учествувавме 22 планинари. Времето беше сончево и одлично за планинарење, така што на врвот се сретнавме со многу планинари од Бугарија, Франција, Израел. На враќање го посетивме и прекрасниот ДРАГАЛЕВСКИ МАНАСТИР – СВ.БОГОРОДИЦА ВИТОШКА, информираше Чучуковски.
ПСК ГОЛАК Делчево овој клубски марш го организираше заедно со  својот огранок ПСК СОСНА Берово.

Планинари од Делчево и Берово го искачија Црн Врв

Планинари од Делчево и Берово го искачија Црн врв на планината Витоша

Posted by delcevo365.mk on Monday, November 12, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*