Вредната медицинска донација ставена во служба на пациентите

Вредната донација од медицинска опрема која Кралството Шведска и  невладината „Хенд тил хенд“ пред еден месец му ја доделија на делчевскиот здравствен дом си го најде своето место во здравствената установа и истата веќе е ставена во служба на пациентите. Како што изјави директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска, опремата ќе биде од голема полза како за самите пациенти така и за болницата.
 
-Голема благодарност до Шведската организација „Ханд тил ханд“ и тимот на градоначалникот за опремата која во голема мера ни ја олесни работата и ни ги подобри условите за работа. Дел од оваа донација е распоредена во брзата помош во Делчево. Добивме повеќе апарати, опрема, помошни средства, материјал потрошен добивме, дел од оваа помош се овие прекрасни кревети кои се монтирани овде во брзата помош, на интерно, во Македонска Каменица во брзата помош, потоа добивме многу ортопедски помагала, колички за превоз на пациенти кои исто така ги распоредивме, дури добивме повеќе од колку што се потребни, конкретно за употреба во здравствениот дом, така да со дозвола од шведската организација, односно нивниот претставник од Штип, дел од таа опрема односно ортопедски помагала ги поделивме, односно има и уште, ги делиме на пациенти на кои им се потребни, рече Глигоровска.
 
Дел од опремата како што истакна Глигоровска со согласност од донаторот ќе биде пренаосчена кон штипската болница.
 
-Меѓу огромната количина на медицинска опрема се наоѓаат и  разни апарати, разни ортопедски помагала, облека, чаршафи, униформи, униформи за работници кои што работат кај нас, меѓутоа добивме и некои апарати кои што како здравствен дом не можеме да ги користиме, меѓутоа добивме и некои апарати кои ние како здравствен дом не можеме да ги користиме, меѓутоа ние сме ориентирани на Кочани и Штип, односно на штип повеќе , така да со дозвола на донаторите и општина Делчево, дел од таа опрема ќе ја пренасочиме кон штипската болница. Инаку опремата е целата попишана, разделена освен дел од ортопедските помагала што ги делиме на пациентите. Дел од опремата која беше наменета за рентген одделението секако дека ќе ни ја олесни работата бидејки ќе прошириме повеќе дијагностики. Уште еднаш голема благодарност до организацијата „Ханд тил ханд“ и градоначалникот кои што се потрудија да ни помогнат, вели Глигоровска.
 
Донацијата која е со вредност од 300.000 евра е една од најголемите донации која ја добила медицинската установа од Делчево.

Шведската медицинска донација ставена во функција на здравствениот дом во Делчево

Шведската медицинска донација ставена во функција на здравствениот дом во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Monday, November 12, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*