Се подготвува музичката манифестација ,,Пијанечки бисери”

Делчевскиот дом за култура и годинава ја подготвува манифестацијата ,,Пијанечки бисери”. Како што информираше Методи Толевски, директор на делчевскиот Дом за култура пријавувањето за детскиот фестивал е во тек и ќе трае до крајот на овој месец.

Интензивно течат подготовките за годинешнито издание на детскиот фестивал Пијанечки бисери кој ќе се одржи на почетокот на месец декември. Почнувајки од утре, 14 ноември па се до одржување на фестивалот ќе траат подготвките за фестивалот чии проби со заинтересираните кандидати ќе се одржуваат со почеток во 15 часот во малата сала на Спомен Дом АСНОМ, информира Толевски.

Додава дека на манифестацијата можат да се пријават учесници од најмала возраст кои учеството треба да го најават со пополнување пријава во домот на култура во Делчево.

,,Пијанечки бисери” е фестивал со долга традиција и истиот по пауза од две години повторно е на репертоарот на културните збиднувања кои ги организира Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*