Несовесни граѓани ја уништуваат пешачката патека до село Ѕвегор 

Извадени бекатон плочки, расфрлани дрвја, искршени улични светилки. Вака изгледа пешачката патека која води до делчевски Ѕвегор која освен што се уништува, се повеќе се узурпира од страна на несовесни граѓани. Според жители на село Ѕвегор и градот Делчево кои ни приложија фотографии, патеката во последните два месеци е во очајна состојба.
 
-Наместо да служи зa релаксација на граѓаните, патеката секојдневно се уништува и узурпира. Извадени се дел од бекатон плочките, забележливи се расфрлани дрвја. Ова е одлика на несовесните граѓани до кои апелираме да проработи свеста и да ги дислоцираат дрвјата од патот за да можат пешаците слободно да се движат, велат жители на Делчево и Ѕвегор кои ја користат патеката за повремена прошетка и рекреација.
 
Надлежните потврдуваат дека станува збор за урзурпација и несовесно постапување со дел од јавниот имот. До полицијата во неколку наврати се поднесени пријави за ваквата состојба од каде е најавено следење на состојбата и казнување на сторителите.
 
Патеката која е изградена во 2012 година секојдневно се користи од страна на ученици кои посетуваат настава во Делчево. Претходно во рамки на своите потреби  учениците го користеа магистралниот пат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*