Саем на стари занаети во Делчево

По пауза од десетина години Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево во соработка со општина Делчево денес организираше Саем на стари занаети. На саемот учествуваа занаетчии кои во својата работа не користат современи алатки и машини, туку нивната изработка е рачна, а дејствуваат на териоторијата на Делчево и Македонска Каменица.
 
-Изработката на тапан претставува долг процес. Јас произведувам тапани исклучиво од ореово дрво. Кожите кои се потребни за квалитетен тапан ги набавуваме од Куманово, останатото е наше рачно производство. Со овој занает се занимаваме во последните повеќе од 10 години, а дејноста ја започнавме благодарение на нашиот син кој е професионален тапанист, вели занаетчијата Миле Николовски од Делчево.
 
Како што истакна Методи Толевски, директор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, целта на настанот е возобновување и промоција на занаетчиството во Пијанец.
 
-Старите занаети се чуваат љубоморно, а традицијата наследена од дамнина, денес од многу аспекти видоизменета, но сепак, со печатот на старото време и старите занаети. Со години наназад, традиционалните занаети полека одат во заборав, но сепак, мајсториите на вредните занаетчии, како копаничари, мајстори кои изработуваат народни инструменти, носии, производи од волна, гоблени и сл. заслужуваат да им посветиме внимание и да ги промовираме, рече Толевски.
 
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, очекува овој саем да прерасне во меѓународен.
 
-Посакувам оваа традиција да прерасне и во меѓународни рамки и овде во наредните години да видиме занаетчии и од другите држави, така што овој саем на стари занаети ќе стане еден од главните белези на нашиот град, рече Трајковски
 
Саемот за стари занаети е еднодневен, а е сместен во фоајето на Спомен-домот АСНОМ. Организаторот за сите учесници обезбеди благодарници.
 

Саем на стари занаети во Делчево – Изјави од учесниците и организаторите

Саем на стари занаети во Делчево – Изјави од учесниците и организаторите

Posted by delcevo365.mk on Thursday, November 15, 2018

Дел од широката палета на производи со која пијанечките занаетчии се претставија на саемот на стари занаети

Дел од широката палета на производи со која пијанечките занаетчии се претставија на саемот на стари занаети

Posted by delcevo365.mk on Thursday, November 15, 2018

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*