Панаѓурска белешка – Работиме нон стоп, имаме цени поволни!

Секој на свој начин сака да допре до муштериите, па така и продавачите на тридневниот панаѓур смислија начин како да допрат до потенцијалните муштерии како од Делчево, така и од соседна Бугарија кои утре како што велат продавачите ги очекуваат во бројка од преку 20 автобуси.
 
Додуша цените и не се нешто претерани, па така секој кој ќе го посети панаѓурот во наредните два дена, може да си одбере по нешто, зошто како што вели  еден од продавачите „има и за богати и сиромашни“.
 
Делчевци пак масовно вечерва излегоа и иако времето е ладно не пропуштија да ѕирнат што нудат кочанчани, радовишани и останатите продавачи кои со своите преполни тезги во наредните два дена ќе му дадат панаѓурски шмек на Делчево.
 
Сакајки и ние да потрошиме некој денар на леблебија и кикирики, еве што забележавме со камерата на првиот ден од панаѓурот во Делчево.

Тридневен панаѓур во Делчево

Тридневен панаѓур во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, November 16, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*