Се подготвува голем јубилеј – 70 години „Копачка“ село Драмче, Делчево!

Фолклорната група Копачка во вторник и среда (20 и 21 ноември) ќе го одбележи својот голем јубилеј – 70 години од своето формирање. Учесниците во програмата настанот на 20 ноември со почеток во 17 часот ќе го започнат со  дефиле низ градот Делчево, а потоа во Спомен дом АСНОМ и официјално ќе започне свечената програма.
Еве ја агендата по повод значајниот датум – 70 години „Копачка“ село Драмче, Делчево!
 
20.11.2018 год. во Делчево
 
17:00 часот – Дефиле на учесниците во програмата низ градот Делчево.
 
18:00 часот – Спомен дом АСНОМ- Мала сала.
Отварање на настанот: Градоначалникот на Општина Делчево, Г-дин Горан Трајковски
 
Воведен збор за Јубилејот – Димитар Узунски, Претседател на ЗФГ КОПАЧКА
 
18:05 часот – Промоција на збирката „70 години Копачка / награди и признанија“.
 
18:15 часот – Концерт на кој ќе се претстават: ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево; КУД „Гоце Делчев“ Делчево; КУД „Вера Јоциќ“ М. Каменица; Ансамблот „Китка“ од Истибања; ФГ „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево и други поединци и групи со изведба на орото Копачка.
 
18:30 часот – Доделување признанија и рекламен материјал за долгогодишниот даден придонес во популаризацијата и афирмацијата на орото „Копачката“ и другиот пијанечки изворен фолкор, на поединци, институции, фирми и други правни лица.
 
18:45 часот – Коктел
 
21.11.2018 год. во с. Драмче, Делчево на собориштето кај црквата Св. Архангел Михаил
 
13:00 часот- Концерт во кој ќе настапат: ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево; КУД Русалии од с. Секирник, Струмица и Фолкорната група на Дафинка Бојчова од с. Селиште Р. Бугарија.
 
14:00 часот- Општонародна веселба со играње на пијанечки ора, а пред се на националното и светско културно наследство на УНЕСКО орото „Копачката“.
 
15:00 часот – Црковен Ручек

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*