Тридневен панаѓур во Делчево

Од денес до недела се одржува тридневен панаѓур на кој граѓаните од Делчево и околината по прилично достапни цени ќе можат да одберат секаков вид на производи карактеристични за панаѓурите. Панаѓурот се одржува во викенд пред претстојниот пазарен ден, па затоа организаторите очекуваат голема посетеност особено од страна на бугарските државјани кои во сабота се најбројни во Делчево.
 
-Ние сме одговорни за источниот дел на Македонија и панаѓурот секогаш го организираме на различни места. Сега сме во Делчево, потоа сме во Берово, одиме за Радовиш и така. Инаку, овде во Делчево прилично сме посетени се поклопува панаѓурот и со пазарниот ден во Делчево, ќе има гости и од соседна Република Бугарија така да очекувам добра посетеност, истакнуваат организаторите.
 
Бугарските државјани го искористија сончевото време и нивното присуство беше забележливо и денес.
 
-За прв пат сум тука и ми се допаѓа. Ќе си купам некои ситници бидејки кај вас е поевтино, вели Марија од Пловдив.
 
Последниот панаѓур во Делчево се одржа во месец август, а како што најавуваат организаторите наредниот ќе биде орханизиран напролет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*