Одбележување на Мевлуд во делчевската џамија

Вечерва во присуство на верници од муслиманска вероисповед од Делчево како и гости од Пловдив, Бугарија, во џамијата Мехмед Фатих II, се одржа прослава на Мевлуд. Како што истакна Сефадин Селимовски, оџа во делчевската џамија, денешниот ден е ден кога муслиманите заради раѓањето на последниот божји пратеник, ја делат радоста со целото човештво.
 
-Мевлуд е денот кога е роден последниот божји пратеник и денот во кој муслиманите ја изразуваат и делат нивната радост со целото човештво без разлика на нивната вероисповест затоа што Мухамед, нека е божјиот мир и благослов врз него, остави голем белег врз човештвото. Тој ја оставил пораката неговите следбеници да бидат добри со своите соседи без разлика од која вера се, да бидат добри со своите сопруги, деца, да ги помагаат нивните родители и да ги одржуваат врските со своите роднини. Според таа порака тоа е вредност која трае и ден денес, рече Селимовски.
 
Додава дека овој настан кој се одржува 14 века има за цел да се одржуваат тие морални и етички вредности на божјиот пратеник.
 
Настанот беше во организација на здржението ,,Асоцијација за добротворни проекти” од Делчево, а во рамки на одбележувањето на Мевлуд беше подготвена кратка музичка програма. Од името на асоцијацијата за најзаслужните верници од муслиманска вероисповест кои придонеле за зачувување и обновување на џамијата во Делчево, беа додели благодарници, додека за децата кои имаа своја музичка точка на настанот организаторот обезбеди пригодни подароци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*