Видео: Прв ден од одбележувањето на јубилејот – 70 години „Копачка“ село Драмче, Делчево

Денес со почеток во 18 часот во малата сала на Спомен дом АСНОМ се одржа првиот ден од прославата на големиот Јубилеј – 70 години Фолклорна група Копачка. Настанот започна со едноминутно молчење по повод смртта на љубител на фолклорот кој требаше да настапи на одбележувањето на значајниот датум.
 
Потоа следуваше ,,Езгија“ на тапани во изведба на тапанџиите од фолклорната група Копачка. Секретарот Перса Стојановска наброи дел од најважните моменти за Копачка, а воедно ја промовираше збирката „70 години Копачка / награди и признанија“. Свој говор имаа и градоначалникот на Општина Делчево, Г-дин Горан Трајковски, како и Димитар Узунски, најзаслужниот што Копачката го слави овој голем Јубилеј.
 
На концертот кој потоа следуваше настапија: ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево; КУД „Гоце Делчев“ Делчево; Ансамблот „Китка“ од Истибања; ФГ „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево и други поединци и групи со изведба на орото Копачка. На крајот од првиот ден од одбележувањето на јубилејот следеше доделување признанија и рекламен материјал за долгогодишниот даден придонес во популаризацијата и афирмацијата на орото „Копачката“ и другиот пијанечки изворен фолкор, на поединци, институции, фирми и други правни лица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*