Во деветолетката Ванчо Прке реализирана хуманитарна акција по повод Светскиот ден на детето

Со донирање облека, храна, обувки, хигиенски средства и училишен прибор, во деветолетката Ванчо Прке во Делчево се спроведе хуманитарната акција „Другаруваме – подаруваме“. Како што истакна заменик директорот на училиштето, Маријана Стоименовска, акцијата се реализираше како дел од одбележувањето на Светскиот ден на детето,
-Се заблагодарувам на сите родители, донатори и секако ученици кои од срце донираа во рамки на своите можности. Акцијата траеше неколку дена и еве завршува успешно денес. Донирани се големи количини храна, хигиенски средства, облека, обувки, училишен прибор со еден збор се донираше сето она што е зачувано и што учениците од срце го донираа за своите другарчиња. Акцијата се реализираше во чест на Светскиот ден на детето, рече Стоименовска.
 
Додава дека во соработка со општината и социјалните центри училиштето останува отворено за соработка со цел оваа донација која е подарена со многу љубов да пристигне на вистинското место односно онаму каде што е најпотребна, рече Стоименовска.
 
Вакви и слични акции во соработка со училишниот колектив и учениците како што најавија од деветолетката Ванчо Прке ќе бидат спроведени неколку пати во петок на учебната година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*