Втор ден од Јубилејот – 70 години Копачка, с.Драмче, Делчево

Втор ден јубилеј – 70 години Копачка, с.Драмче, Делчево.  Место и датум добро познати.  Дваесет и први ноември 2018 година, ден посветен на Св.Архангел Михаил и место каде долги години наназад се играше Копачката во дворот на истоимената црква во село Драмче.
 
После 70 години чувството е прекрасно, особено за гостите кои дојдоа да видат што значи музичко богатство како дел од фолклорната изведба на членовите на Фолклорната група Копачка.
 
Орото кое веќе четврта година е под капата на УНЕСКО, денеска на најубав можен начин беше изведено од групата која пред точно 70 години ги изигра првите чекори на Копачката и оттогаш до денес е најверодостоен претставник на Пијанечкиот фолклор ширум светот.
 
Во тоа се уверија и претставниците на УНЕСКО кои денес лично присуствуваа во интерпретацијата на живоста на орото, но имаа можност и лично да посведочат за постоењето на една од најуникатните фолклорни групи во светот.
 
За Николај Вуков, претставник на Република Бугарија во УНЕСКО, беше чест да се биде дел од дводневното одбележување на значајниот јубилеј на Копачаката.
 
-Исклучително силно е чувството, емоцијата е силна, со еден збор задоволство е да се биде овде пред целиот овој народ кој со уживање ги следи чекорите на групата која ја продолжува традицијата на сето она што значи културно наследство, преку орото и музиката на тој жив танц кој ги обединува и младите и старите и кој дава надеж дека тоа е традиција која ќе се пренесува и во иднината, истакна Николја Вуков, претставник на Република Бугарија во УНЕСКО.

Најзаслужниот за да Копачката е таму каде што е денес е учителот Димитар Узунски, делчевскиот Марко Цепенков кој го трасираше патот на Копачката кон светските височини. Тој преку сегашноста со гордост се навраќа на минатото и почетоците на Копачката.

-Убаво е чувството кога го гледаш резултатот од твојата работа. Јас кога дојдов како млад за наставник во основното училиште Стив Наумов во село Драмче, тогаш имаше многу деца, имаше многу луѓе во маалата и имав прилика да се запознаам со убавиот фолкор, да се запознаам со многу инструменталисти. Ми се допадна Копачката, мислам дека тоа беше мојата животна определба, таа да се развива и да стигне онаму каде што е денес и за која ќе продолжам да работам и понатаму. Задоволен сум што успеавме во текот на годините во кои престојував во Драмче, па и потоа да ја претставиме Копачката на многу фестивали. Копачката е најубавото културно наследство кое ни го оставиле нашите претци кои живееле во Пијанец и во Драмче, усовршувајки го до најголемо совршенство, издигнувајки го на големите фолклорни бисери. Јас само продолжив овие убавини, прво преку многуте смотри и фестивали да ги претставам на нашите фолклористи во татковината и надвор од неа и мислам дека поради тоа мојата животна цел ја постигнав. Но не се откажувам, додека можам ќе работам Копачката да отиде уште потаму, никојпат да не згасне и вечно да постои како што постои овој народ и ова село, рече Узунски.

Одличната организација за дводневниот настан со кој достојно се одбележа Јубилејот – 70 години Копачка, с.Драмче, Делчево и припадна на Перса Стојановска, секретар на здружението „Копачка“, која е еден од најзаслужните луѓе која ја внесе Копачка во големото семејство на УНЕСКО.

Еве што кажа  Стојановска за големиот Јубилеј.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*