Конкурс за доделување стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“
Согласно со конкурсот, Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево од II, III и IV година кои имаат континуиран просечен одличен успех од 4,50 до 5,00 и се со примерно поведение, ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.
Висината на стипендиите ќе изнесува 1.000 денари месечно, а ќе се исплаќа во период од 9 месеци почнувајќи од јануари 2019 г. Исто така, Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, а ги исполнуваат следните услови: да се редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2018/2019 година, со континуиран просечен одличен успех од 5.00 и со примерно поведение, ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2019 година.
За критериумите утврдени од Комисијата за доделување ученички стипендии и за потребните докуемнти можете да се информирате на веб-страницата на Општина Делчево или лично во Општина Делчево. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“.
Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од градоначалникот на Општина Делчево.
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето, а рокот за пријавување е од 23 ноември до 08 декември 2018 година.
Конкурс за доделување стипендии на студенти
Општина Делчево го објави Конкурсот за доделување 12 стипендии на студенти кои студираат на државните факултети во Република Македонија. Согласно со Конкурсот, Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните
универзитети во РМ, кои ги исполнуваат условите:
-Да се редовни студенти и со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето, студенти чии родители се невработени со ниски месечни примања или приматели на социјална помош, студентите да се жители на Општина Делчево. Предност ќе имаат студентите кои не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а ќе се доделува во период од 9 месеци почнувајќи од јануари 2019 г.
Исто така, Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, кои ги исполнуваат следните услови:
-Да се редовни студенти од техничките науки и медицинските науки од сите студиски години, освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето, како и редовни студенти од општествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години, освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето.
Еден од условите е студентите да се жители на Општина Делчево, а предност ќе имаат студентите кои не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција.
Стипендијата изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2019 година. За конкретните критериуми и потребни документи утрврдени од Комисијата, ќе можете да се информирате на веб-страницата на Општина Делчево или лично во Општина Делчево.
Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од градоначалникот на Општина Делчево, од редот на вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево.
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето, а рокот за пријавување е од 23 ноември до 08 декември 2018 година.
Leave a Reply