Деветолетката Ванчо Прке од Делчево преку проект на фондацијата отворено општество се подготвува за подобрување на условите во училиштето во делот на меѓуетничката интеграција во образованието. Проектот ќе се спроведува во период од 6 месеци, а крајна цел како што истакна наставникот Ванчо Атанасовски е, преку конкретни активности учениците од различна етничка припадност заеднички да соработуваат.
-Со грантот кој го добивме за реализација на проектот насловен „Учење и запознавање преку заедничко дружење во современи услови“ планираме да изградиме современа училница која ќе содржи сопствена медијатека, односно истата ќе биде опремена со смарт табла, аудио опрема преку која по пат на озвучување во училиштето ќе може да се следи радиопрограматакоја ќе биде изготвена од самите ученици, истакна Атанасовски.
Додава дека исто така обврска на учениците ќе биде да изработат толковен речник кој ќе биде тријазичен на македонски, англиски и ромски јазик.
Проектот Фондацијата Отворено Општество го спроведува како дел од програмата ,,Рано детство и образование” преку повикот за меѓуетничка интеграција во образовниот систем. Грантот кој деветолетката Ванчо Прке од Делчево го доби за негова реализација изнесува 2700 долари.

Leave a Reply