Денес со почеток во 13 часот женскиот кошаркарски клуб Клубски Патриот го игра 6 коло во рамки на прволигашкиот шампионат. Во салата на гимназијата М.М.Брицо гостува слабата екипа на Шкупи. И двете екипи се без победа во досегашниот дел од сезоната што значи дека на паркетот може да се очекува добра кошарка. Поради домашниот терен фаворит на мечот е екипата на Клубски Патриот која има одлична шанса да ја забележи првата победа и да ја израдува домашната публика.
-Натпреварот започнува во 13 часот и затоа ги покануваме сите љубители на кошарката да дојдат и да ја прославиме заедно првата победа на нашиот млад тим, истакна тренерот на Делчевки, Љупчо Петровски.
Кога сме кај екипата на Клубски Патриот екипата со поддршка на Кошаркарската федерација на Македонија го организираше првиот турнир за кошаркарки под 14 години. Делчевки забележаа две победи, совладани беа екипите на Баскет Кам од М.Каменица и Дино Баскет од Кочани. Најдобар поединец во екипата од Делчево беше Ана Ангеловска со постигнати над 60 кошеви.
Leave a Reply