Осогово славеше во Делчево и стана есенски првак

Сениорите на делчевска Брегалница во последното коло кое пред своите гледачи го одиграа со екипата на Осогово одиграа возбудлив натпревар кој за жал заврши со пораз од 2:4.  Со победата од 4:2 во Делчево, а по поразот на „Овче Поле“ во Ново Село, екипата на „Осогово“ на едно коло пред крајот на есенскиот дел од првенството и официјално ја завери есенската шампионска титула.

Победата на „жетварите“ на жешкиот терен во Делчево е единствената која ја остварија Во 13-тото коло екипата на Осогово беше единствената која славеше на гости, сите други натпревари завршија во полза на домаќините.

Резултати од 13 коло:

Брегалница сениори – Осогово  2:4

Работник – Малеш  3:0

Слога 1934 – Рудар  3:1

Кежовица – Овче Поле  1:0

На табелата на едно коло пред крајот на есенскиот дел од првенството „Осогово“ е прв со 30 бода, пред второ и третопласираните екипи на Овче Поле и Кежовица кои имаат по 24. Екипата на Работник е четвртопласирана со 22 бодови додека на петтото место се наоѓа ФК „Брегалница сениори“ со 14 освоени бодови. На последните три позиции се екипите на Рудар со 13, Малеш кој има 11 бодови  и Слога 1934 со 10 бода.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*