Со мерење на крвниот притисок и шеќер во крвта, делење на флаери и пакети на најзагрозените стари лица во општините Делчево и Берово се одбележува неделата на грижа на стари лица. Во Делчево како што информираше Невенка Христова од општинската организација на Црвен Крст, младите волонтери активностите ги насочија во пензионерскиот дом во Делчево.
-Одбележувањето на неделата на грижа на старите лица во Делчево се реализираше со акција за мерење крвен притисок и шеќер во крвта. Активностите се одвиваа во просториите на пенизонерскиот дом во Делчево младите членови на општинската организација ан Црвен Крст поделија флаери со значењето за датумот, додека за најзагрозените пензионери беа поделени пакети со храна, информира Христова.
Додава, дека волонтерите повеќе пати во текот на годината реализираат вакви и слични активности со кои им се дава до знаење на старите лица дека тие заслужуваат да бидат почитувани, сакани, исполнети со љубов и разбирање не само оваа недела туку секој ден.
Leave a Reply