Во Делчево денес се одржа инфоден за Еразмус плус програмата и европските образовни мрежи. Како што истакна Анабела Насковска – Петрески од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, пред претставници на делчевските воспитно-образовни установи и невладините организации беа претставени клучните акции преку кои апликантите ќе можат да реализираат конкретни проекти.
-Денеска ги презентираме образовните можности кои како дел од Еразмус плус програмата согласно одредени рокови им се достапни на училиштата и невладините организации. Очекуваме нови апликанти, нови училишта и невладини организации кои ќе аплицираат за дел од конкретните акции К1, К2 и К3, вели Насковска Петрески.
Додава дека буџетот за овие образовни програми од година в година се зголемува што ја отвора можноста сите апликанти да бидат земени в обзир при аплицирањето за конкретни акции.
-Најмногу интерес досега има во клучната активност К1, тоа е мобилност на индивидуи. Тука спаѓаат основните училишта, средните училишта, средните стручни училишта, невладините организации и универзитетите слично и потоа имаме клучна акција К2, тоа се стратешки партенрства каде се вклучени сите организации кои се занимаваат со образование со кои во понатамошната фаза што можат да се вклучат и фирми, компании, стопански комори и општини, информира Насковска-Петрески.
За училиштата од Делчево како погранично место од особена важност е поврзувањето со училишта и невладини организации од соседството преку таканаречената е-твининг мрежа при што од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност најавија поддршка за градинките и основните и средни училишта во насока на пристап до европската мрежа и склучување партнерства со воспитно -образовни установи од соседството.
Инфо ден за можностите кои ги нуди Еразмус + програмата!
Posted by delcevo365.mk on Tuesday, November 27, 2018
Leave a Reply