Потпишан договор за изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево

Се решава децениско барање на граѓаните. И официјално потпишан договорот за изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево. Мостот ќе се гради во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево“. Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека мостот ќе овозможи полесен пристап на пешаците до основните училишта.
 
-Мостот покрај неговата основна намена да обезбеди можност за пешаците полесно да пристигнат до основните училишта, детската градинка, општината, автобуската, ќе биде и во функција на туристичка понуда на Делчево. Мостот ќе се гради со челична конструкција, а изведувачот на работите е предвидено во рок од 7 дена од потпишување на договорот да ги започне работите на терен, да ги заврши во рок од 6 ефективни месеци, односно со краен рок до 30 јуни 2019 година, истакна Трајковски.
 
Трајковски договорот го потпиша со директорката на Центарот за развој на Источно-плански регион, Драгица Здравева и Никола Пандев, управителот на фирмата изведувач „Жикол“.
 
Вкупниот буџет на проектот е 8 милиони денари кои ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа, преку бирото за регионален развој, а по програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Општина Делчево како партнер ќе обезбеди 39,60 проценти од буџетот за 2018 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*