Во Македонска Каменица во четврток ќе се прикажува комедијата „Пасивно пушење“

Во четврток 29 ноември Македонска Каменица ќе биде прикажана хит комедијата „Пасивно пушење“. Како што информира директорот на КИЦ „Романса“, Горан Огнановски, претставата ќе се одржи во киносалата со почеток во 19 часот.

-Ние можеме да с епофалиме како Културно-информативен центар Романса, во оваа година имавме доста голем број на активности, само да спомнам дека минатата недела имавме стенд-ап комеди, пред тоа имавме театарска претстава за дечиња од предучилишна возраст и до петто оделение, сега имаме изложба нанародни носии, а веќе утре ќе биде прикажана хит театарската претстава „Пасивно пушење“ во изведба на кавадаречкиот театар која вреди да се погледне, затоа ги поканувам сите љубители на комедијата како од Македонска Каменица, така и од Делчево да дојдат и да уживаат во една прекрасна вечер, рече Огнановски.

Тој додава дека се подготвуваат активности и за новогодишните празници кои ќе бидат организирани заедно со општината и Советот, активности за кои граѓаните на М.Каменица дополнително ќе бидат известени.

Во Македонска Каменица во четврток ќе се прикажува комедијата „Пасивно пушење“

Во Македонска Каменица во четврток ќе се прикажува комедијата „Пасивно пушење“

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, November 28, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*