Ликовна колонија по повод „Неделата на хуманост“!

Во рамки на кампањата „Недела на хуманост, дарувај со љубов“ денес се реализираше ликовна колонија преку која свои творби изработуваа лицата кои престојуваат во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Како што истакна Методи Толевски, директор на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, една од основните цели на ликовната колонија покрај цртањето и сликањето е децата подобро да се запознаат.

-Денес започнува со работа ликовната работилница која се одржува по повод “ 3 Декември – Светски ден на лицата со хендикеп“. Учество зедоа од деветолетките Ванчо Прке и Св.Климент Охридски како и лица од Дневниот центар во Делчево. Покрај тоа што ќе цртаат и сликаат, ќе имаат доволно време да се запознаат, дружат и разменат искуства. Преку оваа колонија и преку овие настани кои ќе следат се до 3 декември, сакаме да испратиме една јасна порака до сите институции, дека децата со свои потреби имаат свои потреби, тие се наша реалност но и наша обврска да покажеме желба, овие лица да се интегрираат во средините каде живеат, рече Толевски.

Ликивна колонија во рамки на Неделата на хуманоста!

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, November 28, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*